Меси добива нов четиригодишен договор со неверојатен бонус!

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, наскоро ќе потпише нов четиригодишен договор со Барселона, според кој ќе го добие најголемиот бонус во историјата на фудбалот.

Според новиот договор за соработка со Каталонците, Меси ќе заработува 600.000 евра неделно. Аргентинецот има валиден договор со Барселона до крајот на оваа сезона, но раководството е подготвено на се, па дури и на неверојатен бонус.

За новата четирогидшна верност кон Барселона, Меси ќе добие бонус од 90.000.000 евра, што е највисок во историјата на овој спорт. Еден од најдобрите фудбалери во историјата ги мина последните 16 години во Барселона.

Меси почна да игра за шпанскиот гигант како дете, како дел од „Ла Масиа“, каде настапуваше од 2001 до 2004 година. Дебито за првиот тим Меси го имаше во 2004 година, а за тимот има над 400 меча и 360 гола.