ВИДЕО: Мбапе му продаде „тунел“ на Гризман, па овој му ги чистеше копачките!

Фудбалската репрезентација на Франција утре против Германија ќе ја заврши успешната календарска година, во која успеа да обезбеди учество на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во Русија. 

Атмосферата во редовите на „триколорите“ е на високо ниво, а потврда за тоа е синоќешниот тренинг, на кој Килијан Мбапе на фантастичен начин играјќи шева му продаде „тунел“ на Гризман, па ѕвездата на Атлетико Мадрид мораше да му ги чисти копачките на младиот напаѓач. 

Судејки по играчкиот кадар со кој располага селекторот Дешамп, дефинитивно Франција е една од главните фаворити за освојувањето на Мундијалот идната година.