Маркоски: Шкендија е квалитетен тим, но ние веруваме во сопствените можности

Работнички неочекувано лошо ја започна новата сезона во ПМФЛ и по поразот на Чаир од Шкупи во последното коло, сега избраниците на Виктор Треневски се надеваат дека ќе имаат поголем успех во националниот Куп. 

Кире Маркоски се надева дека денес против Шкендија тимот ќе обезбеди предност пред реваншот што ќе се игра следниот месец во Тетово.

„Имавме тежок викенд. Загубивме меч во последните моменти против Шкупи, но го оставивме тоа зад нас и сега сме максимално фокусирани на дуелот со Шкендија во Купот. Противникот е квалитетен, но ние веруваме во сопствените можности и се надеваме дека ќе оствариме предност пред реваншот во Тетово. Јасно е дека сепак патникот во следната рунда ќе се решава на реваншот“, вели Кире Маркоски.

Мечот е закажан за од 15.30 часот, а ќе се одигра на стадинот во Ѓорче Петров.