Марадона: Аргентинската репрезентација е хор со само еден солист

Легендата на светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона смета дека неговата Аргентина ги загубила позициите во врвот на светскиот фудбал и не шири страв како некогаш кај противниците. Според Марадона, само Лионел Меси ги држи „гаучосите“ меѓу фаворитите на Светското првенство во Русија. 

„Ривалите веќе не се плашат од Аргентина. Со исклучок на Меси, нашите играчи не се третираат како порано. Против Нигерија во ноември можевме да примеме осум гола. Имаме шанса да го освоиме Светското првенство, но само ако Меси е во совршена состојба. Ние имаме хор каде што има само еден солист и тоа е Меси. Икарди не би го ни повикал во нападот, бидејќи Гонзало Игуаин е десет пати подобар од него“, изјави големиот Марадона.

Како селектор на националниот тим Марадона стигна до четвртфиналето на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.