Манчини: Зенит има високи амбиции и во ЛЕ, во Скопје сме за да победиме!

Екипата на Зенит ја одржа стандардната прес-конференција пред натпреварот против Вардар, на која Роберто Манчини, стратегот на рускиот клуб, ги кажа своите очекувања за дуелот со макеоднскиот првак во Лига Европа.

Италијанецот вели дека неговиот тим е подготвен да се надигрува и дека во мислите на рускиот великан е само победа на „Филип Втори“ во Скопје, иако Зенит игра Лига Европа, наместо Лигата на шампионите.

„Сите играчи кои дојдоа во Скопје се подготгвени да играат и да се надигруваат. Го имаме проучувано Вардар, сигурно е дека не чека тежок двомеч. Особено на првиот натпревар. Не може со сигурност да кажеме како ќе игра противникот, затоа што е ова нас прва средба со нив. Вардарци имаат добра одбрана. Нашите последни два меча без голови не ме загрижуваат. И покрај тоа што не играме Лига на шампиони, амбициите се исти - да победуваме. Така ќе биде и на овој натпревар во Лига Европа. Сакаме да си одиме со три бода од Скопје“, изјави Манчини.

Натпреварот меѓу Вардар и Зенит се игра в четврток од 21.05 часот, а главен судија на натпреварот ќе биде Јакоб Келет од Данска, кој во професионалните судиски води е од 2011 година. Последен меч кој го судел Келет е дуелот меѓу Маритимо и Динамо Киев (0-0) кој се одигра во рамки на квалификацискиот плејоф за Лига Европа.