Манчестер Сити со 878 милиони евра е најскапиот состав во историјата на фудбалот

Англискиот премиерлигаш, Манчестер Сити со 878 милиони евра е најскапиот фудбалски тим во историјата, објави Фудбалската опсерваротија за меѓународни спортски студии.

Истражувањето покажало дека во составувањето на екипата на „граѓаните“ е повеќе вложено дури и од во тимот на ПСЖ. кој летово за рекорден трансфер од 222 милиони евра во своите редови го доведе Нејмар.

Раководните луѓе на ПСЖ за составување на ѕвездениот тим потрошиле 805 милиони евра, а веднаш зад нив се наоѓа Манчестер Јунајтед со 747 милиони евра. Во првите десет се наоѓаат и тимовите на Барселона (725 милиони евра), Челзи (592 милиони евра), Реал Мадрид (497 милиони евра), Јувентус (472 милиони евра), Ливерпул (460 милиони евра), Баерн Минхен (448 милиони евра) и Арсенал (403 милиони евра).

Најголема сума на пари се троши во Премиер лигата со просек од 291 милион евра, за разлика од Примера која е на второто место со просечно потрошени 131 милион евра. Клубовите од Серија А трошат просечно по 124 милиони евра, додека Бунделигата се наоѓа на четвртото место со просечно потрошени 113 милиони евра.