Мамиќ: Бабунски беше на проба, но ми рекоа дека не е за во Динамо Загреб

Здравко Мамиќ, легендарниот прв човек на Динамо Загреб, во интервју за „Арена Спорт“ зборуваше дека загрепскиот гигант нема шанси за нова титула во ХНЛ, но откри и дека пред извесен период нашиот бисер, Давид Бабунски, беше на проба во клубот, но тренерите одлучија да не го задржат. 

„Навистина не можам да бидам среќен, но исто така, не сум несреќен поради тој факт. На еден начин сум и горд, затоа што овој тим има заслуги за одличните игри на Ријека. Одушевен сум од челните лица на Ријека, Кек и останатите работат фантастично, и во интерес на домашниот фудбал, конечно дојде до конкуренција. Давид Бабунски? Не можам да ви ги откријам сите детали, но тој тренираше со нашиот втор тим и нашите тренери проценија дека не е фудбалер за Динамо Загреб“, истакна Мамиќ. 

Сега македонскиот репрезентативец го носи дресот на јапонска Јокохама, со која забележува одлични резултати и е еден од најдобрите фудбалери на тимот.