Малдини призна: Кога би играл за друг клуб освен Милан, тоа би бил Реал Мадрид

Паоло Малдини

Легендата на италијанскиот и светскиот фудбал и еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња, Паоло Малдини во едно интервју се отвори за својата фудбалска кариера и одлуките кои го следеа во текот на истата.

Италијанецот одигра 24 сезони во Милан и во ниту еден момент не посака да го замени својот клуб со друг. Во дресот на „росонерите“ освои: седум скудета, пет титули во Копа Италија, пет трофеи во Лигата на шампионите, пет Суперкупови на Европа, два интернационални Купа и една титула на Светското клупско првенство.

Малдини го откри и името на клубот кој би бил потенцијалната замена за неговиот Милан.

„Доколку би одлучил да играм за друга екипа, а тоа да не е Милан, би го одбрал Реал Мадрид. Отсекогаш сум го гледал тој клуб како нешто најблиску до Милан“ , вели Малдини.

Големите клубови постојано се обидуваа да го доведат во своите редови, но Малдини беше одлучен и остана верен на екипата од Милано.