ВИДЕО: Македонија танцува како по ноти, Чурлинов, Колевски и Митровски го прегазија Лихтенштајн!

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години обезбеди пласман во елитните квалификации за ЕП, но и тоа не е пречка за фудбалерите на Станојковиќ за само едно полувреме да го прегазат Лихтенштајн (0-3).

Генерацијата која важи за една од најнадежните е без Елмас, но и покрај тоа - игра доминантно. По само 45 минути има предност од три гола против Лихтенштајн, а стрелци се Дарко Чурлинов (3. минута), Бојан Колевски (7. минута) и Димитар Митровски (25. минута).

Македонија претходно ги совлада Белгија и Швајцарија и како што изгледа ќе оди во наредната фаза со три победи на три меча.