Македонија ќе има тешка задача: Белерин, Нигез, Асенсио и Делофеу ќе ги предводат Шпанците на ЕУРО У21

Шпанија младинци

Младинската репрезентација на Македонија до 21 година ќе има тешка задача на своето прво историско учество на еден голем собир. На ЕП во Полска нашите репрезентативци во групата ќе играат против Шпанија, Португалија и Србија.

Шпанскиот селектор, Алберт Селадес го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат дел од тимот за континенталниот собир во јуни, а во него има ѕвезди како Белерин од Арсенал, Саул Нигез од Атлетико Мадрид и Асенсио од Реал Мадрид.

Голмани:

Кепа, Пау Лопез и Бланко

Одбрана:

Белерин, Гаја, Ваљехо, Одризола, Мере, Грималдо, Јерај и Џони

Среден ред:

Мерино, Ојаразабал, Љоренте, Саул Нигез, Солер, Себалос, Суарез и Асенсио

Напад:

Делофеу, Вилијамс, Борха Мајорал и Сандро.

Избраниците на Благоја Милевски ќе го отворат шампионатот токму против „црвената фурија“ на 17 јуни со почеток од 20.45 часот.