Луис Енрике до Пике: Лесно е да плачеш и да се жалиш на судиските одлуки

Луис Енрике

Жерард Пике беше најгласен против судиските одлуки за кои што вели биле на штета на неговата екипа. Тренерот на Барселона, Луис Енрике сепак не се согласува со начинот на кој што неговиот фудбалер се справи со целата ситуација и испрати мала критика за неговото однесување.

„Лесно е да плачеш и вината да ја наоѓаш кај судиите и нивните одлуки. Пике е важен дел од нашата екипа и секој си има право на свое мислење. Мислам дека треба заедно да најдеме решение за да избегнеме слични ситуации во иднина. Неприфатливо е клуб како Барселона постојано да се жали на судиските одлуки. Се надевам дека Пике нема да добие казна“ , изјави Енрике.

Барселона денес го игра реваншот од Купот на Кралот против Атлетик Билбао, против кого загуби на првиот натпревар со 2-1.