ЛШ: Шпанско дерби во полуфиналето, Јуве преку Монако ќе го бара патот до Кардиф

Лига на шампиони

По драматичните четвртфинални дуели, останаа само четири екипи во борбата за финалето на Лигата на шампионите, кое оваа година ќе се игра во Велс. Во првото полуфинале ќе се сретнат градските ривали од Мадрид, додека Јувентус ќе брка ново финале против Монако на Леонардо Жардим. Ждрепката во Нион потврди дека нема да има шпанско финале и дека клубовите од Мадрид четвртпат ќе играат меѓу себе во последните четири изданија на елитното натпреварување.

ПОЛУФИНАЛНИ ПАРОВИ ВО ЛШ:

  • Реал Мадрид - Атлетико Мадрид
  • Монако - Јувентус

Првите мечеви ќе се одиграат на 2 и 3 мај, додека реваншите се на програмата наредната недела. Поуспешните екипи ќе се пласираат во финалниот натпревар, кој ќе се игра на „Милениум стадионот" во Кардиф на 3 јуни.