ЛШ ОСМИНАФИНАЛЕ: Десеткуваниот Јувентус ги пречекува Тотенхем и Хари Кејн

Јуве

По пауза од два месеци се враќа Лигата на шампионите со осминафиналната фаза. Истата ќе биде отворена со два денешни дуели и тоа Јувентус - Тотенхем и Базел - Манчестер Сити. Бранител на титулата од минатата година е Реал Мадрид, кој својот меч го игра утре.

ЈУВЕНТУС - ТОТЕНХЕМ

Италијанскиот шампион одамна не се нашол во ваква ситуација, да води „мртва трка“ за титулата во Серија А и да не биде лидер на табелата во овој период од сезоната. Ќе биде интересно да се види како тоа ќе се одрази на нивната игра во Лигата на шампионите, а поголемото искуство во нокаут фазата би можело да има големо влијание во двомечот против Тотенхем на Маурисио Почетино. Напредокот на екипата е евидентен, откако аргентинскиот стратег седна на клупата, а победите над Манчестер Јунајтед и Арсенал, како и ремито против Ливерпул во Премиер лигата, треба да им даде на фудбалерите од Лондон поголема самодоверба во дуелот против една од најголемите екипи во Европа.

И двете екипи имаат проблеми со повредени играчи, но очигледно дека „старата дама“ ќе има поголем хендикеп на првиот натпревар во Торино. Јуве победил на последните седум натпревари без да прими гол, што секако се лоши вести за премиерлигашот. Сепак, на своја страна Тотенхем ќе го има Хари Кејн, кој шест пати ја тресел мрежата во Лигата на шампионите оваа сезона, односно тоа во просек е еден погодок на секои 70 минути.

Се очекува тоа да биде еден од најинтересните двобои во осминафиналето, бидејќи и двете екипи имаат квалитет да стигнат далеку во натпреварувањето. Искуството ќе биде на страната на тимот на Масимилиано Алегри, додека напаѓачкиот потенцијал ќе биде факторот на кој што ќе се потпира екипата од Лондон. Се предвидува тесна победа на „бјанконерите“, кои се очекува да обезбедат минимална предност пред реваншот.

Очекуван резултат: Јувентус - Тотенхем 2-1