ЛШ ОСМИНАФИНАЛЕ: Базел стои на патот на Сити кон продолжување на сонот за тројна круна

Ситиии

Најелитното фудбалско натпреварување во Европа, Лигата на шампионите (ЛШ) се враќа на програмата со осминафиналните дуели. Денес се играат натпревари во Италија и Швајцарија, на кои Јувентус и Базел се домаќини на Тотенхем, односно Манчестер Сити.

БАЗЕЛ - МАНЧЕСТЕР СИТИ

Еден од големите фаворити за титулата во Лигата на шампионите оваа сезона е Манчестер Сити, кој во втората година под водство на Пеп Гвардиола игра фантастичен фудбал и заслужено има убедлива предност на врвот на Премиер лигата. „Граѓаните“ се огромни фаворити во двомечот со швајцарскиот шампион, кој ќе се обиде да се избори за позитивен резултат на домашен терен во пресрет на реваншот во Англија. Базел се наоѓа на второто место во Суперлигата во Швајцарија зад Сент Гален, а заврши на второто место и во групата А, зад Манчестер Јунајтед. Тоа им донесе тежок противник на ждрепката, кој одлучи судир со лидерот во Премиер лигата и првопласираниот тим од групата Ф.

Сити се наоѓа на самиот врв, кога се во прашање комплетираните додавања оваа сезона со 90%, што е повеќе и од учинокот на Барселона (89%). Кевин де Брујне е лидерот кај премиерлигашот, па се очекува така да биде и на „Сент Јакоб“ стадионот во Базел. Надвор од составот пореди повреди сигурно во тимот нема да бидат Габриел Хесус, Лерој Сане и Бенџамин Менди. Според играта на швајцарскиот прволигаш оваа сезона, се очекува еден напаѓач во името на Рики ван Волфсвинкел да биде единствената закана кон голот на Едерсон.

Уште од далечната 2012 година, англиска екипа на успеала да стигне до титулата во Лигата на шампионите, кога Челзи го совлада Баерн Минхен, а Манчестер Сити заедно со Гвардиола оваа сезона веруваат во повторување на тој успех и освојување на тројната круна. Двобојот со Базел не би требало да им претставува проблем на патот до најдобрите осум екипи во Европа.

Очекуван резултат: Базел - Манчестер Сити 1-3