Лопетеги со сите ѕвезди во Скопје: Шпанија со Пике, Рамос, Иниеста, Коста...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Хулен Лопетеги го одреди составот кој ќе дојде во Скопје на 11 јуни на натпреварот од квалификациите за СП во Русија против Македонија. На списокот се наоѓаат 25 фудбалери, вклучувајќи ги и сите ѕвезди на Реал Мадрид, Барса и Челзи.

Голмани:

Де Хеа, Реина, Кепа

Одбрана:

Аспиликуета, Монтреал. Ќорди Алба, Карвахал, Начо, Рамос, Пике.

Среден ред:

Серхи Роберто, Силва, Иларименди, Бускетс, Коке, Иниеста, Тиаго Алкантара, Иско, Асенсио

Напад:

Педро, Јаго Аспас, Витоло, Мората, Делофеу, Диего Коста 

Натпреварот се игра на 11 јуни во 20.45 часот на „Телеком арената“ во Скопје. Веднаш по овој натпревар стадион се затвора за да се подготви за Суперкупот на Европа на 8 август.