ВИДЕО: Ливерпул игра атомски фудбал, Кутињо и Фирмино за 20 минути ја потопија Спартак Москва!

Избраниците на Јирген Клоп играат атомски фудбал на својот „Енфилд Роуд“ во најзначајниот овогодишен меч во Лигата на шампионите. 

Ливерпул по само 18 минути игра веќе има огромно водство од 3-0 против Спартак Москва. Стрелец на првите два гола беше првата ѕвезда на тимот, Филипе Кутињо, додека третиот беше дело на Фирмино. 

Со оваа победа Ливерпул ќе обезбеди учество во осминафиналето на Лигата на шампионите и тоа како првопласирана екипа од групата Е.