Ливерпул е најефикасната англиска екипа во историјата на групната фаза од ЛШ

Ливерпул голгетери

Јирген Клоп и неговиот Ливерпул играат како во транс во новата сезона од Лигата на шампионите. Во два наврати забележаа победа од 7-0, а со денешните седум гола станаа најефикасната англиска екипа во историјата на групната фаза.

Момците од „Енфилд“ се втора најефикасна екипа во новата сезона, единствено заостануваат зад ПСЖ, кој постигна два гола повеќе.

Предводник на „црвените“ во ЛШ е Фирмино со шест гола, а Кутињо и Салах постигнаа по пет погодоци.