Лион одби 70 МИЛИОНИ евра за Лаказет

Александре Лаказет

Челниците на Лион очигледно не сакаат да се откажат од услугите на францускиот напаѓач, Александр Лаказет.

Лондонски Вест Хем понудил дури 70 милиони евра, што е втора понуда која доби негативен одговор во последните шест месеци. Лаказет игра во одлична форма оваа сезона, постигнувајќи 16 гола на 21 натпревар, па не чуди големиот интерес од страна на Арсенал и Вест Хем. 

Доколку Лион ја прифатеше понудата тоа ќе беше историски најголема во францускиот фудбал, но клубот реши да ги избере спортските пред финансиските мотиви.