ВИДЕО: Лидс и Алиоски „газат“ сè пред себе, лесно совладан Бирмингем за лидерско место во Чемпионшип!

Англискиот великан, Лидс Јунајтед, уште еднаш докажа дека во новата сезона влезе со големи амбиции и дека цели кон враќање онаму каде му е местото – во елитата на англискиот фудбал. 

Вечерва, тимот од централна Англија славеше рутинска победа над Бирмингем од 2-0 (1-0), а нашиот репрезентативец Езџан Алиоски мина 60. минути на тревникот на „Еланд Роуд“. Петтата победа на Лидс во новата сезона му ја донесоа Саиз и Далас со голови во 17. и 91. минута, а со овие три бода некогашниот шампион се искачи на челната позиција на табелата во второто по ранг натпреварување во Англија. 

Лидс со пет победи и две нерешени средби сè уште ја нема вкусено горчината на поразот, и со 17 бода за првпат оваа сезона е на врвот на Чемпионшип. Во следното коло ќе го одигра големото дерби против тимот на Милвол.