Легендата на Барса: Сакам да го водам Катар на СП 2022

Шпанската фудбалска легенда, Чави Хернандез, посакува по завршувањето на својата фудбалска кариера да биде предводник на селекцијата на Катар на Светското првенство во 2022 година, кое ќе се одржи токму во таа земја. 

Еден од најдобрите коректори на играта, моментално настапува во катарското првенство за тимот Ал Сaад, чиј член е две години, а наскоро најави дека планира да ја заврши богата играчка кариера. 

„Тука сум за да им помогнам на младите фудбалери што подобро да се запознаат со оваа игра и мислам дека за некоја година ќе бидам подготвен да се натпреварувам со најдобрите на светот. Имам амбиции да станам тренер, а за мене добар потег би било да стекнам искуство на клупата на Катар“, изјави Чави. 

Поранешниот репрезентативец на Шпанија пред да замине за Катар цели 17 години беше дел од Барселона со која успеа да освои сè што нуди клупскиот фудбал.