ЛЕ: Мурињо и Јунајтед ќе патуваат во Виго, Ајакс на мегдан против Лион

Лига Европа

Денес во Нион беше извршена ждрепката за полуфиналните дуели од второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа. Фаворитот за трфоејот, Манчестер Јунајтед ќе се соочи со шпанска Селта, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Ајакс и Лион.

ПОЛУФИНАЛНИ ПАРОВИ ВО ЛЕ:

  • Ајакс - Лион
  • Селта Виго - Манчестер Јунајтед

Првите мечеви од полуфиналето се закажани за 4, додека возвратните ќе бидат на програмата една недела подоцна, односно на 11 мај. Домаќин на финалето оваа година ќе биде Стокхолм на 24 мај.