Ладното време би можело да ги одложи натпреварите во Премиер лигата овој викенд

Премиер лига

Арктичката клима ја зафати скоро цела Европа, а во Велика Британија овој викенд се најавуваат температури од -10 степени целзиусови.

Се предвидува снег на цел остров, особено во Англија, што би можело да значи откажување на колото во Премиер лигата, но и на сите други натпревари од пониски англиски фудбалски лиги. И покрај модерната дренажа и греењето под тревниците големи се шансите да не гледаме премиерлигашки фудбал овој викенд.

Сандерленд, Барнли, Лестер и Хал Сити се домаќини в сабота, додека Манчестер Јунајтед и Евертон ќе играат на домашен терен в недела.