ВИДЕО: Краток залет, лева нога и „БОМБА“ - Куртоа постигнува голови како Меси!

Не треба многу да пишуваме за голманските способности на еден од најдобрите чувари на мрежата во моментов, Тибо Куртоа, но дефинитивно неговите напаѓачки способности ќе ве изненадат. 

Всушност, голманот на Челзи на последниот тренинг на „сините“ постигна феноменален гол од слободен удар, во стилот на Лионел Меси. Едноставно – краток залет, лева нова и следува „БОМБА“.

За потсетуање, пред две вечери аргентинскиот ас на мечот против Виљареал постигна скоро идентичен гол од слободен удар, кој му донесе голем бод на Барселона на гостувањето во Виљареал.