Крај на гол-серијата: Јаховиќ не успеа до „осумка“ во низа

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ не успеа да се запише во листата на стрелците на натпреварот против Кашимпаша (1-3) и ја прекина одличната гол-серија во која играше два месеци.

Гезтепе доживеа пораз на гостински терен, а Јаховиќ иако стартуваше од првата минута, не успеа на овој меч да погоди. Единствениот погодок за Гезтепе беше дело на Кастро, додека за Кашимпаша погодија Менсах, Муриљо и Попов.

Јаховиќ ги тресеше мрежите на седум меча по ред, против Трабзонспор, Османлиспор, Генчлербирлиги, Сиваспор, Башакшехир, Анталијаспор и Аланијаспор, тимови против кои постигна 11 гола кои го донесоа на врвот на листата на стрелци во турската Супер лига.