Конечно скок за репрезентативците: Македонија е на 103. место на ФИФА ранг-листата!

Македонија имаше одличен септемвриски циклус во квалификациите за Светското првенство во Русија. Со 1-0 на гости беше совладана селекцијата на Израел, додека на домашен терен момците на Ангеловски одиграа 1-1 против Албанија на новиот селектор Кристијано Панучи.

Благодарение на овие добри игри на нашите фудбалери, Македонија забележа скок од 32. места на најновата ранг листа на ФИФА и сега е на 103. место. 

Од репрезентациите кои се во нашата група повторно најдобро котира Шпанија која се најде на 11. позиција, Италија е 17., Албанија 66., Изреал е на 82. место, додека Лихтенштајн е 187. на светот.

Оваа ранг-листа претрпе измени на врвот и сега најмоќна селекција е Германија, пред Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија. Во најдобрите 10 се најдоа и Полска, Швајцарија, Франција, Чиле и Колумбија.