Конечно познати термините за осминафиналниот двомеч меѓу Вардар и Шкупи

Утре на програмата се три од четирите четвртфинални натпревари од националниот фудбалски Куп, а поради настапите на Вардар во Лига Европа, екипата на Шкендија сè уште го чека својот противник во оваа фаза на натпреварувањето. 

Всушност, последниот осминафинален натпревар меѓу Вардар и Шкупи сè уште не е одигран, откако ФФМ двапати ги преместуваше термините за денес да објави дека дефинитивно овој двомеч ги доби двата датуми за одигрување. 

Според новиот распоред, првиот меч на кој Вардар ќе биде домаќин, е закажан за на 29 ноември со почеток од 13.00 часот, додека реваншот ќе се одигра на 17 декември на Чаир. 

Исто така, нашиот шампион до крајот на оваа полусезона треба да одигра и два заостанати натпревари од ПМФЛ. Против Академија Пандев ќе се судри на 10 декември, додека три дена подоцна ќе го одигра второто големо дерби со Работнички.