ВИДЕО: Колумбија моќно ја прегази Кина, реми за Србите во Кореја

Денес ширум светот се играат многубројни пријателски натпревари, како прва подготовка за Светското првенство во Русија. 

Откако математички обезбеди пласман на Светското првенство во Русија, колумбиската фудбалска репрезентација игра уште подобро и подобро отколку официјалните натпревари. Избраниците на Пакерман ја совладаа Кина во Пекинг со 0-4 (0-1).

Стрелци на головите на „жолто-сините“ од Јужна Америка беа Фелипе Педро, Карлос Бака и Мигуел Анхел Борха (два гола)..

По победата над Кина, Србија водена од Младен Крстајиќ, ремизираше против Јужна Кореја, 1-1 (0-0). По бледото првото полувреме, во интервал од три минути паднаа двата гола. Адем Љајиќ во 59. минута го отвори резултатот, а Ја Чеол Ко израмни три минути подоцна.