Кога „Билд“ ќе објави, значи нешто навистина не чини: Анчелоти ја загубил довербата кај играчите!?

Елитниот германски медиум „Билд“, кој ретко објавува лажни или неверодостојни информации, утрово соопшти дека хаос владее во соблекувалната на шампионот на Бундслигата, Баерн Минхен, 

Баварците на стартот на новата сезона не играат како што се очекуваше, а во последното коло забележаа тежок пораз од тимот на Хофенхајм (2-0). Токму поради овие лоши игри неколку играчи одлучија јавно се пожалат – Лавандовски е незадоволен од трансфер-политиката на клубот, додека миленикот на фановите, Томас Милер се пожали на малата минутажа која ја има во новата сезона. 

Според германскиот медиум главен виновник за целата оваа ситуација бил тренерот, Карло Анчелоти, кој со низа на грешни потези ја загубил довербата кај играчите. Наводно, Италијанецот делел мислења само со своите омилени играчи од тимот, додека на останатите им посветувал многу малку време.

Баерн денес ги стартува и настапите во Лигата на шампионите, откако на домашен терен ќе се судри со тимот на Андерлехт. Евентуален неуспех и на овој меч, сигурно ќе се активира алармот кај раководството на германскиот гигант. 
 

Најнови вести од
Бундеслига, Германија