Клоп ќе мора да почека друга прилика – Реал одби 50 милиони за Асенсио

Екипата на Реал Мадрид ја одбила првата понуда на Ливерпул вредна 50 милиони евра за услугите на својата најголема надеж Марко Асенсио. 

Како што денес откри шпански „АС“ англискиот гигант испратил понуда од 50 милиони евра до „кралевите“ за 21-годишниот крилен фудбалер, но истата веднаш била одбиена од страна на европскиот шампион. 

Наводно, Зинедин Зидан бил причината за брзата реакција на раководството на Реал, бидејќи им напоменал дека во Асенсио гледа светла иднина во клубот и дека од наредната сезона ќе има далеку позначајна улога во екипата.