Шпанија или Англија - кој ќе добие петти претставник во следната ЛШ?

Познати се сите полуфиналист на Лига Европа за сезоната 2016/17 и за место во финалето во Стокхолм ќе се борат еден англиски, шпански, француски и холандски клуб. Ајакс и Манчестер Јунајтед веќе го освојувале овај Куп, а Лион и Селта ќе го бркаат првиот трофеј.

Покрај тоа што во игра е титула до европско натпреварување и место во Суперкупот на Европа во Скопје, за три од четирите екипи ова натпреварување веројатно е последна шанса за место во следната Лига на шампионите. Селта, Лион и Манчестер Јунајтед би добиле место во елитата само ако го освојат трофејот во Стокхолм.

Ждрепката за полуфиналето е утре во 13.00 часот во Нион.