ВИДЕО: Кејн немилосрден против Евертон, Тотехнем лесно се справи со „карамелите“

По нерешениот дуел против Вест Хем, екипата на Тотенхем, повторно одигра на посакуваното ниво и со убедливи 4-0 славеше победа над тимот на Евертон, во последниот денешен натпревар од 23. коло на англиската Премиер лига. 

По почетното тактичко надмудрување „спарси“ прво го зададоа ударот и преку Сон во 26. минута го отворија резултатот (1-0). И покрај примениот гол избраниците на Алардајс буквално ништо не понудија во првиот дел, а по само две минути игра во второто полувреме Кејн ја затресе мрежата на Пикфорд и Тотенхем дојде до сигурни 2-0. На 3-0 зголеми потвторно Хари Кеј, а конечните 4-0 го постави Ериксен во 81. минута. 

Со оваа победа Тотенхем со 44 бода се израмни со Ливерпул на четвртата позиција, а Евертон остана деветти со 27 бода.