ФОТО: Касиљас се приклучи на „#FellaChallenge“ и ја исмеа фотографијата на Фелаини од Скопје

Касиљас и Фелаини

Кој би рекол дека ударите со топка во глава ќе станат хит во денешниот фудбал. За тоа најзаслужен е македонскиот фоторепортер, Борис Грдановски, чија фотографија направена на УЕФА Суперкупот во Скопје, го обиколи целиот свет.

Негова „жртва“ беше Маруан Фелаини од Манчестер Јунајтед, кој наиде на сеир на социјалните мрежи поради гримасата, која ја направи при еден удар на топката во неговата глава.

На Интеренет започна т.н „#FellaChallenge“, во кој се споделува фотографија со слична содржина, како онаа од Скопје.

Еден од најпознатите, кои се приклучија на овој предизвик, е Икер Касиљас, голманот на Порто, кој направи сеир на своја сметка. Фотографијата на шпанскиот голман е од пред 15-ина години за време на неговите почетоци во Реал Мадрид.

Најнови вести од
УЕФА Супер Куп