Канаваро искрен: „Мумии“ го водат италијанскиот фудбал, странците нè уништија!

Малкумина очекуваа дека во на Светското првенство во Русија нема да можат да ги следат фудбалските натпревари на една од најголемите светски сили, Италија. Но, синоќа избраниците на Вентура, па и самиот селектор, со своите сомнителни одлуки, едноставно не заслужија да бидат дел од големиот светски настан, па затоа на Мундијалот ќе ја гледаме селекцијата на Шведска. 

Незадоволството кај италијанските фанови е големо, некои ги критикуваат играчите, а повеќето Вентура, но братот на некогашниот капитен на „азурите“, Фабио Канаваро, Паоло, вели дека Светското првенство не е загубено од синоќа, туку од пред 15 години.

„Да бидеме начисто - Мундијалот не го загубивме вчера, туку пред 15 години. Одтогаш, па сè до денес, во нашите лиги се доведуваат големи промашувања од цел свет. Токму тие „засилувања“ ги „крадат“ местата на италијанските фудбалери. Ним им давате можност да бидат славни, за сметка на домашните фудбалери кои ги греат клупите. Сега на сите ни е јасно дека го допревме дното, па време е да започнат реформи во нашиот фудбал. Треба да им речеме збогум на „мумиите“ кои го водат италијанскиот фудбал и да им дадеме можност на младите“, изјави фудбалерот на Сасуоло. 

Селекцијата на Италија по третпат во својата историја нема да биде дел од едно Светско првенство, првпат по цели 60 години.