ВИДЕО: Кала ја сруши Малага и ја закова за дното на Примера

Нема крај на проблемите на Малага во шпанскиот шампионат. Заврши есенскиот дел, а екипата од Андалузија забележа само една победа и тоа на гостински терен против Реал Сосиедад. Екипата на Мичел во првиот натпревар од 19. коло на Примера, загуби во Мадрид од новиот прволигаш Хатефе со 1-0 (0-0).

Единствениот гол на натпреварот го постигна Кала во 73. минута. Напаѓачот на „сините“ најдобро се снајде по една мешаница пред гостинскиот гол и со глава ја погоди мрежата на Малага за 1-0.

До крајот гостите имаа две големи шанси, еднаш го погодија и дирекот од голот на Гуета, но резултатот остана непроменет - минимална победа на екипата водена од Мачин. В сабота и в недела се играат преостанатите осум натпревари од последното есенско коло, а в понеделник Бетис и Леганес го играат последниот натпревар во првата полусезона.