Јуниорите на Шкупи го загубија првиот пријателски натпревар со Фенербахче

Екипата на Шкупи до 17 години вчера го одигра првиот натпревар од пријателскиот двомеч против турскиот великан, Фенербахче. 

Момците на Еркан Мурсели, иако се очекуваше да им се спротистават на своите врсници, Фенербахче мечот го одигра со комбиниран тим од У21 генерацијата и на крај славеше убедлива победа од 4-1. 

„Иако моите момци беа далеку помлади, генерално сум задоволен од нивниот настап. Покажаа дисциплинирана игра, но не успеаја во целост да ги искористат шансите кои им се пружија. Сепак, за нив ова е едно големо искуство“, рече тренерот Мурсели. 

Стрелец на единствениот гол за Шкупи беше, Ферати, а шанса за подобар резултат младите момци на Мурсели ќе имаат денес кога ќе се одигра и вториот натпревар.