ВИДЕО: Јунајтед продолжува да „гази“ - лесно совладан Хал во полуфиналето на Лига Купот

Во првиот полуфинален натпревар од Лига Купот на Англија, фудбалерите на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го совладаа тимот на Хал Сити со 2-0 (0-0) и обезбедија предност пред реванш натпреварот. За избраниците на Жозе Мурињо денешната победа беше нивнадеветта по ред во сите натпреварувања, каде што играат „црвените ѓаволи“.

Во првиот дел домашните фудбалери имаа многу повеќе од играта, направија неколку шанси за гол, но „тигрите“ успеаа на одмор да заминат со за нив позитивни 0-0. Отпорот на гостите траеше до 56. минута, кога по асистенцијата на Михтаријан, Шпанецот Мата погоди за 1-0. До крајот домаќините продолжија со нападите, а голот за мирен реванш го постигна Фелаини во 87. минута, за конечни 2-0.

Реванш натпреварот помеѓу двете екипи е закажан за 26 јануари, а во второто полуфинале кое се игра утре, фудбалерите на Саутемптон го пречекуваат тимот на Ливерпул

Најнови вести од
Лига Куп, Англија