Јерохин: Да не заборавиме, Вардар му даде четири гола на Фенер...

Александар Јерохин, дефанзивецот кој настапува за Зенит, со голема почит гледа кон Вардар пред меѓусебниот дуел во Лига Европа.

Рускиот репрезентативец потенцира дека „црвено-црните“ се сериозен тим кој никако не смее да се потцени, затоа што во двомечот со Фенербахче постигнал вкупно четири гола.

„Со голема сериозност се однесуваме кон Вардар и ја имаме проучувано нивната игра. Никого не потценуваме.  Тоа е организиран тим, кој да не заборавиме - му даде четири гола на Фенербахче. По мечот со Динамо се е под контрола, мислам дека ќе биде добро и во Скопје“, изјави Јерохин.

Зенит е во мала криза затоа што на два последовални меча во рускиот шампионат е без постигнат гол. Дуелот меѓу двата тима се игра в четврток од 21.05 часот.