ВИДЕО: Јакуповиќ се „прошета“ низ одбраната на Македонија и даде ефектен гол од - 20 метри!

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година има негатива на дуелот против Австрија уште рано во натпреварот кој се игра на „Филип Втори“ (0-1).

Надежите на Милевски примија гол во 13. минута, кога погоди Арнел Јакуповиќ. Австриецот доби топка, лесно се „прошета“ кон голот на Македонија и ефектно биеше од дваесетина метри.

Македонија сега ќе мора да нападне, за да се врати во мечот и да се бори за бод или бодови, кои ќе донесат напредок на табелата.