Јакимовски на дербито во Тетово, Гоцевски ќе ја дели правдата на дуелот Вардар - Ренова

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди арбитрите, кои ќе бидат дел од 34. коло во ПМФЛ.

На дерби натпреварот во Тетово помеѓу Шкендија и Работнички правдата ќе ја дели Дејан Јакимовски, додека Марјан Гоцевски ќе се појави на „Телеком арена“ на мечот Вардар - Ренова.

Димитар Мечкаровски ќе застане на центарот на дуелот меѓу Шкупи и Брегалница, Стојанче Стојанов ќе патува за Прилеп на натпреварот Победа - Македонија ЃП, додека Фатон Мустафи ќе ја дели правдата во Кратово на мечот на Силекс против Пелистер.