ВИДЕО: Јаховиќ и сè е можно - сега стана и Супер Марио

Македонскиот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ одигра одлична полусезона во редовите на турскиот второлигаш Гезтепе, каде што е прв стрелец. По кратката пауза тој веќе е со својот тим, а на интересен начин реши да ги повика навивачите да дојдат на стадион.

Тој и неговиот соиграч Мехмет Умут Најир се претворија во познатите херои од видеоигрите, Супер Марио и Луиџи и испратија поздрав. Потоа, Јаховиќ на македонски јазик испрати порака до навивачите да купат годишни билети и да го бодрат Гезтепе на патот кон Првата лига.

Јаховиќ беше дел од идеалниот тим на полусезоната во турскиот шампионат и е еден од најдобрите фудбалери на Гезтепе. Тимот е лидер во втората лига на Турција, а настапите ги продолжува на 15 јануари против Денизлиспор.