Јаховиќ добива нов договор од Гезтепе кој гласи 2+1 година и двојно повисока плата

Јаховиќ Адис

Добрите игри на стартот од турскиот шампионат го ставија Адис Јаховиќ на насловните страници како најголема сензација и изненадување за кого се заинтересираа голем број на клубови.

Но, клубот на Гезтепе не сака да го загуби својот најдобар голгетер, па одлучи да му понуди нов договор 2+1 година за годишна плата од 750.000 евра. Шпекулациите велат дека тој ќе го прифати понуденото и ќе остане во екипата. Актуелниот договор на македонскиот напаѓач му носи 400.000 евра годишно.

30-годишниот Јаховиќ е најдобар стрелец во турското првенство со 11 гола на исто толку одиграни натпревари.