ВИДЕО: Итало Хозе Оливеира е замената за Балотели во нападот на Вардар

Итало Хозе Оливеира

Македонскиот шампион, Вардар ќе потпише договор со бразилскиот напаѓач, Хозе Оливеира дос Сантос - Итало, кој минатата сезона настапуваше во Сао Паоло, дознава Gol.mk.

29-годишниот Бразилец ќе биде замената за Џонатан Балотели, кој вчера стави потпис на договор со екипата на Ал Гарифа од катарското првенство. Итало се очекува да потпише на една сезона, со можност за продолжување уште една година во „црвено-црниот“ дрес.

Во својата професионална кариера, бразилскиот фудбалер има настапувано за екипи како Маритимо, Интернационал, Паулиста и Сао Паоло.

На 21 година, Итало важеше за огромен потенцијал и беше блиску да потпише со италијански Интер. 

Главна карактеристика му е гол инстиктот и креативноста. Итало треба да донесе непредвидливост во нападот на Вардар покрај брзоногиот Блажевски и организаторот на играта Фелипе.

Во својата кариера Итало го освоил Купот на Порто Алегре со Интернасионал и во нашата земја доаѓа со педигре на искусен напаѓач со докажана вредност.