Италијанската Серија А потпиша двојно поголем договор за ТВ правата

Италијанската фудбалска лига ги продаде ТВ правата надвор од земјата на агенцијата ИМГ за сума од 371 милиони евра по сезона, што е двојно повеќе од досегашниот договор.

Во следните три сезони, заклучно до 2021 година клубовите ќе добиваат поголеми суми на пари. Претходниот договор на клубовите им носеше 190 милиони евра по сезона.

Премиер лигата со 1,3 милијарди евра и Примера со 636 милиони евра се и натаму недостижни во овој сегмент.