ФОТО: Исмејувањата на сметка на Меси немаат крај – Интернетот гори по падот на Аргентинецот

Во исчекување на полуфиналните двојки од овогодишното издание на Лигата на шампионите, сè уште главна вест на социјалните мрежи е елиминацијата на Барселона од италијанскиот шампион, Јувентус. 

Барса по подолг период не постигна гол на еден европски двомеч, а можеби главната причина за тоа беше очајната игра на двата натпревари на првиот ас Лионел Меси. За разочарувањето на каталонските фанови да биде уште поголемо, инспиративните умови на социјалните мрежи брутално го исмејуваат падот на Аргентинецот по дуелот со Пјаниќ. 

Така на Интернет се појавија голем број на фото-монтажи кои го исмејуваат Меси, а мора да признаеме дека некои се интересни и многу смешни.