ВИДЕО: Интер продолжува да „гази“ во Италија – Перишиќ со два гола со сруши Удинезе

Иван Перишиќ е човекот на одлука на Интер, откако хрватскиот репрезентативец со два гола се погрижи за продолжување на победничката серија на „нероазурите“ во Серија А. Денес во редовниот термин на Серија А од 12.30 часот на „Дачија арената“, екипата на Удинезе имаше водство од 1-0, но не ги издржа налетите на фудбалерите на Интер и на крај заслужено загуби со 1-2 (1-1), во рамките од третиот дуел од 19. коло на италијанскиот шампионат. 

Момците на Пиоли ја имаа контролата на играта во текот на сите 90 минути, тие како повеќе да ја посакуваа победа и создадоа повеќе шанси за гол, но деконцентрацијата на напаѓачите беше главната причина за тешко извојуваната победа во Удине. Во 17. минута домашната екипа поведе со голот на Јанкто, но Перишиќ уште еднаш докажа дека е во одлична форма и со два гола (првиот во судиското надополнување од првото полувреме и вториот во 88. минута) донесе голема победа за миланскиот тим. 

Сега Интер има 33 бода и е на делба на петтата позиција со градскиот ривал, Милан, додека Удинезе забележа пад од едно место и со 25 бода се наоѓа на 11. позиција на табелата во Серија А.