Иниеста: Не сакам шпански противник во четвртфиналето, предобро се познаваме

Иако пред неколку дена изгледаше невозможно, Андрес Иниеста одигра еден час во победата на Барса над Челзи од 3-0. Капитенот на Барса потврди дека тактички Валверде го погодил типот на натпревар и дека Барса е заслужен четвртфиналист.

„Го планиравме натпреварот како што го одигравме. Беше многу тешко да се издржи оваа физичка битка, но вредеше на крајот. Имаме големо искуство од минатите години и тоа денес го покажавме. Меси на секоја натпревар ја прави разликата и за нас е неверојатно задоволство што го имаме. Не сакам да се сретнеме со шпански ривал во четвртфиналето, предобро се познаваме меѓу себе“, истакна капитенот на Барса. 

Иниеста и Меси се единствените од тимот на Барселона кои учествуваа во сите 11 пласмани во четврфиналето од 2008 до денес.