Инфантино за СП со 48 селекции: Не е заради парите, ова е фудбалска одлука!

Првиот човек на Светската куќа на фудбалот, ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека парите не се главната причина за проширувањето на Светските првенства на 48 селекции од 2026 година. 

„Оваа одлука е фудбалска. Секој формат има своја предност, кога во прашање се финансиите. Но, сигурен сум дека оваа одлука на ФИФА е само поради спортски причини, не нè интересираат финансиите“, вели Инфантино. 

Мундијалите во Русија 2018 и во Катар 2022 година ќе бидат последните на кои ќе учествуваат 32 репрезентации, а СП во 2026 година најверојатно ќе се одржи во САД, откако ФИФА на еден начин не дозволи кандидатура на европските и азиските земји.