ВИДЕО: Индепендиенте со предност по првиот меч од финалето на Копа Судамерикана

Фламенго

Индепендиенте го зададе првиот удар во финалето од Копа Судамерикана, откако вчера победи на првиот меч против Фламенго (2-1).

По само осум минути, бразилскиот прволигаш поведе со голот на Ревер и најави изненадување на теренот на противникот. Но, Гиљоти се погрижи да го израмни резултатот пред паузата и да предизвика делириум меѓу домашните навивачи.

Целосниот пресврт го донесе Меза, кој во 53. минута погоди за предност на Аргентинците во пресрет на реваншот, кој е закажан за една недела.