Илијоски: Повеќе се плашевме самите од себе, отколку од противникот

Пелистер го завери билетот за пласман во финалето од Купот на Македонија, па сега се врти кон обврските во домашното првенство, каде што пролетва игра далеку под очекувањата. Искусниот нашаѓач, Баже Илијоски пред пелагониското дерби со Победа е свесен за моменталната ситуација и притоа истакна дека самодовербата во екипата пред победата против штипјани беше многу лоша.

„Самодовербата во нашите редови беше на минимум ниво, повеќе се плашиме самите од себе, отколку од противникот. Едноставно се плашиме да се отвориме и да нападнеме до крај. Во досегашниот дел од сезоната и немавме многу среќа, секој шут беше гол за противникот во претходните дуели, додека ние треба да створиме десет шанси за да погодиме. Со оваа победа во Купот и пласманот во финалето верувам ќе биде полесно“, изјави Илијоски.

Последниот меѓусебен дуел помеѓу Победа и Пелистер игран во Струмица заврши нерешено со резултат од 2-2, додека во претходните два дуели на стартот од сезоната, на двапати со по 2-0 славеше составот од Битола.