Икер со порака за Буфон: Пријателе, не сакам да те гледам ваков, ти си легенда и не се пензионирај!

Солзите на Џиџи Буфон и неславниот начин да ја заврши својата професионална кариера, погоди многу од неутралните љубители на фудбалот, но и негови лични пријатели и колеги.

Специјален поздрав и поддршка пристигна од неговиот колега Икер Касиљас, кој на социјалните мрежи напиша. 

„Не ми се допаѓа што те гледам ваков. Сакам да те гледам како досега, како што и натаму си за сите нас - ЛЕГЕНДА. Горд сум што те познавам и што се натпреварував против тебе. Пријателе, не треба да се простиш од фудбалот“, напиша Касиљас на социјалните мрежи.

Слични пораки за легендарниот 40-годишен голман пристигнаа од многу професионални фудбалери, јавни личности и клубови.